„Сакаат граѓанска војна, ние сакаме да работиме, ова не е барање правда за жртвите од несреќата во Нови Сад, ова е одземање на институциите без избори, нема да дозволиме“, рече претседателот на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ, коментирајќи ги вчерашните инциденти во Собранието.
Коментирајќи ги вчерашните инциденти во Народното собрание, Брнабиќ за РТС изјави дека „сите гласаме и дека сме претставени од пратеници за да кажеме каква треба да биде Србија“.
„Се гледа каква треба да биде Србија од гледна точка на опозицијата, искршени микрофони, фрлени конзерви, фрлени шишиња, искинати лајсни, уништено знаме. Направивме се за да спречиме такво нешто“, изјави Брнабиќ.
Според неа, во петокот одржала колегиум, состанок со шефовите на пратенички групи, на кој се разговарало зошто нема да и се гласа доверба на Владата, а причината е затоа што злоупотребиле два потписи.
„Реков дека ќе разговараме за буџетот, бидејќи тоа е дискусија за доверба на Владата. Буџетот е најважен – се предвидува зголемување на пензиите и платите за јавниот сектор и зголемување на субвенциите за земјоделството, поддршка на семејствата, за второ, трето, четврто дете“, рече претседателот на Собранието и посочи дека сето тоа е во Буџетот.
Како што истакна таа, наместо дискусија, можеа да се видат непријатни сцени и искршени микрофони.
„Би рекла дека опозицијата се обиде со физичка пресметка. Имаше најави за инциденти, тоа го објави платеникот на Ѓилас – Немања Шаровиќ. Јасно беше дека тоа е план“, истакна Брнабиќ.
Како што објасни таа, Лазовиќ најпрвин ги нападнал членовите на Владата и додаде дека никој не смее да се приближува до масата на претседавачот без дозвола.
Сепак, како што вели, ниту еден договор не се почитува.
The post Бранабиќ за настаните во Собранието: Имаше најави за инциденти appeared first on Локално.