дома СВЕТ Борел: Се над...

Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија

Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, денеска изрази надеж дека земјите-членки на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија, пренесе Ројтерс.

„Повторив дека Украина треба да може да го користи оружјето што и го дадовме, не само за да ги „запре стрелите“, туку и да ги погоди „стрелците“. Сè уште верувам дека тоа е она што треба да се направи. Сигурен сум дека повторно ќе разговараме. Се надевам дека земјите-членки ќе се договорат за тоа“, рече Борел во пресрет на средбата со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ.

Според пишувањето на „Њујорк тајмс“ и наводите на Ројтерс и некои други медиуми, администрацијата на претседателот во заминување Џозеф Бајден во неделата ја овластила Украина да користи крстаречки ракети со долг дострел ATACMS за напади длабоко во руска територија.

The post Борел: Се надевам дека членките на ЕУ ќе и дозволат на Украина да користи ракети со долг дострел за напади во Русија appeared first on Локално.

Exit mobile version