Терминалот 2 на аеродромот Шарл Де Гол во Париз е блокиран поради сомнителен пакет пронајден таму, за кој постои сомневање дека е бомба, дознава Telegraf.rs.
Претходно, пред неколку часа, на истиот терминал беше забележан густ црн чад, а The Evening Standard објави дека се запалил автобус.
Сега, како што јавуваат нашите новинари од местото на настанот, на истиот терминал имало нова драма откако бил пронајден сомнителен пакет.
Нашиот тим известува дека терминалот 2 е евакуиран, а контрадиверзантскиот тим на француската полиција извадил сомнителен пакет во кој имало, како што се сомнева, бомба.
Video showing a large fire burning at the Terminal 2F at Paris Charles de Gaulle. pic.twitter.com/4Tb6FBqT49
— MP (@Mp220Mp) July 31, 2024