Можеби ПМФ не е финансиски богат факултет, но има фантастични ентузијасти и борци кои постигнуваат огромни успески. Честитки – рече деканот Даворин Трпески
Благодарници за континуираната медиумска поддршка на олимпискиот тим и неговите остварувања на меѓународните олимпијади по хемија и за долгогодишните активности и заложби за праведен третман на таленираните улници и нивните ментори добија Умно.мк и Весна Ивановска-Илиевска, коосновач на порталот. Благодарниците им ги врашија претставици од Сојузот на хемичари и технолози на Македонија (СХТМ) вчера на Институтот за хемија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. На настанот беа претставени успесите на македонскиот олимписки тим кој учествуваше на меѓунардните натпревари по хемија.
Присутните, државниот секретар на Министерството за образование и наука, Елена Ивановска, рускиот амбасадор Сергеј Баздникин, градоначалници, универзитетски професори, наставници, родители и ученици, ги поздраво деканот на ПМФ, Даворин Трпески. Тој им честита на успесите и додаде дека сите заслужиле многу повеќе од тапкање по раме.
– Поддршката треба системски да ја решиме. Можеби ПМФ не е финансиски богат факултет, но има фантастични ентузијасти и борци кои постигнуваат огромни успески. Честитки – рече тој.
Проф. д-р Даборин Трпески
Професорот Миха Буклески, ментор на учениците на Меѓународната олимпијада по хемија и Меѓународната олимпијада „Менделеев“ одржа куса презентација ги пренесе искуствата и проблемите со кои се соочува СХТМ во текот на подготовките, а учениците ги споделија доживувањата на олимпијадите на кои учествуваа.
Учениците-олимпијци, Петар Мирчевски, Марио Ванчоски, Елена Живаљевиќ, Иван Костовски и Јусуф Луш
Потоа беа доделени медали на најдобрите млади хемичари за 2024 година, освоени на Македонската Хемиска Олимпијада (МХО-2024):
– Петар Мирчевски од гимназијата „Мирче Ацев“, Прилеп, златен медал,
– Марио Ванчоски златен медал и Иван Костевски сребрен медал од гимназијата „Славчо Стојменски“, Штип,
– Елена Живаљевиќ, од приватното средно училите „Јахја Кемал“, Скопје, бронзен медал,
– Јусуф Луш, од гимназијата „Орце Николов“, Скопје, бронзен медал.
Исто така, беа доделени и благодарници на нивните ментори од средните училишта – Блаже Димески од „Мирче Ацев“, Прилеп, Виолета Ѓоргиевска и Марјана Младеновска-Петрова од „Славчо Стојменски“, Штип, Елизабета Софрониевска од „Орце Николов“ Скопје и Емир Јонузи од „Јахја Кемал“. Благодарници добија е сите оние кои го поддржаа учеството на Меѓународната олимпијада по хемија и Меѓународната олимпијада – Менделеев: Нафтената компанија „Лукоил“, амбасадорот на Руската Федерација во Скопје, Сергеј Баздникин, општините Карпош, Прилеп и Штип, Титан, цементарница Усје, компаниите „Адинг“ и „Johnson Matthey“, Кентаур компани и Матива од Штип – Центар за иновација и развој „Инос“, компанијата „Фармахем“, порталот УМНО.МК, Природно-математички факултет, Скопје и Институтот за хемија.
Проф. д-р Марина Стефова, проф. д-р Миха Буклески и Весна Ивановска-Илиевска
– СХТМ се заблагодарува на сите оние кои придонесоа за остварување на овие успеси, и искажува особено задоволство за пројавениот интерес и реални заложби од страна на МОН за решавање на деценискиот проблем со финансирањето за учество на меѓународните олимпијади – рекоа од СХТМ.
The post Благодарници за Умно.мк и Весна Ивановска-Илиевска за поддршка на младите хемичари-олимпијци first appeared on УМНО.МК.