дома СПОРТ Бентанкур ќе ...

Бентанкур ќе биде суспендиран на вкупно 7 натпревари поради расистичкиот коментар кон Сон

Бентанкур ќе биде суспендиран на вкупно 7 натпревари поради расистичкиот коментар кон Сон

Играчот од средниот ред на Тотенхем, Родриго Бентанкур ќе биде казнет со седум натпревари суспензија поради расистички коментари. Тие беа поврзани со јужнокорејското потекло на неговиот тимски колега Хјун-Мин Сон. Во јуни, Бентанкур беше запрашан во една ТВ-емисија во неговата татковина дали има дрес на Сон, на што тој одговори: „На Сони? Можеби е и на неговиот братучед затоа што сите Корејци се горе-долу исти“.

Бентанкур веднаш јавно се извини, а Сон го прифати извинувањето на Уругваецот и се застапи за него. Сепак, ФА формално покрена обвинение против него во септември. Тој би можел да добие казна од шест до 12 натпревари, а според „Сан“, Уругваецот веќе дознал дека забраната е на седум натпревари. Тоа значи дека Анже Постекоглу нема да може да го користи до втората половина на декември.

Од почетокот на сезоната има девет настапи во Премиер лигата и еден гол.

The post Бентанкур ќе биде суспендиран на вкупно 7 натпревари поради расистичкиот коментар кон Сон appeared first on Локално.

Exit mobile version