Поранешниот НБА-играч на Детроит и на Оклахома, кој своевремено ги бранеше боите и на мадридски Реал, Кајл Синглер (36), објави вознемирувачки видеопораки на Инстаграм, со кои ја шокираше јавноста.
Шампионот во НЦАА-лигата со тимот на Дјук во 2010 година, во мрачна атмосфера, полугол, зборуваше за работите што го вознемируваат.
- Бев малтретиран, злоупотребуван, запоставен, претворен во пример за некој со ментална попреченост. Секој ден се плашам за мојот живот! Луѓето ме гледаат како некој што ќе биде проблем, а јас само сакам да помогнам. Секој ден фрлаат го**а на мене. Чувствувам дека имам сила и цел што не се ценети или третирани правилно – започна Синглер.
Former NBA player Kyle Singler posts video on IG stating “I fear for my life every day….” pic.twitter.com/5WVLETy1UH
— Vision4theBlind (@Vision4theBlind) November 12, 2024
На неговата вознемирувачка порака одговорија неколкумина играчи на НБА.
- Те сакам, Кајл! Јави ми се кога сакаш. Те замолувам. Сите вие што поминавте време со Кајл Синглер, ве молам, покажете му ги љубовта и поддршката што му требаат и што ги заслужува. Не би бил тоа што сум денес да не беше тој. Му должам за тоа. До семејството на НБА, семејството Дјук, заедницата во Јужен Медфорд: „Ајде да му покажеме дека сме тука еден за друг – изјави Лав, кој му беше ривал на Синглер во НЦАА, како играч на УЦЛА.
Исто така, се јави и Андре Драмонд.
- Не си сам, брат, јас сум тука за тебе – одговори Драјмонд, а слична порака испрати и Ајзеа Томас.
Синглер беше 33. пик на драфтот во 2011 година. За Детроит играше од 2012 до 2015 година, а за Оклахома Сити тандер – до 2018 година. Беше член на втората најдобра дебитантска петорка, а кариерата ја заврши со просек од 6,5 поени и 2,9 скока на натпревар.