дома СВЕТ Бебето кое ис...

Бебето кое исчезна од болницата во Виена пронајдено мртво во корпа за отпадоци

Бебето кое исчезна од болницата во Виена пронајдено мртво во корпа за отпадоци

Бебе кое исчезна вчера од гинеколошкиот оддел на болницата Фаворитен во Виена утрово е пронајдено мртво во корпа за отпадоци во близина на болницата, пишуваат австриските медиуми. Како што соопштија истражителите, доенчето било завиткано во најлонска кеса, а мајката (29) на еднонеделното бебе е уапсена.

Вчера медицинската сестра забележала дека бебето не е во собата, а не била ниту мајката, па била повикана полиција која веднаш започнала интензивна потрага.

Ги провериле сите автомобили, дури и ранците на велосипедистите, а во потрагата учествувале и кучиња трагачи. Во текот на вечерта мајката била сослушана во полиција. Што им кажала се уште не е познато.

The post Бебето кое исчезна од болницата во Виена пронајдено мртво во корпа за отпадоци appeared first on Локално.

Exit mobile version