Бајден во обраќањето до нацијата: „Палката“ ја оставам на помладите заради обединување

    Бајден во обраќањето до нацијата: „Палката“ ја оставам на помладите заради обединување

    Американскиот претседател Џо Бајден и се обрати на нацијата за прв пат откако се откажа од трката за реизбор, ја поддржа својата потпретседателка Камала Харис и истакна дека ја „дава палката“ на помладите генерации бидејќи верува дека тоа е најдобар начин за обединување на американските граѓани.

    „Решив дека најдобар начин е да ја префрлам палката на новата генерација. Ова е најдобриот начин да се обедини нашата нација“, рече тој.

    Бајден истакна дека ја почитува институцијата претседател, но дека повеќе ја сака својата земја, како и дека верува дека одбраната на „загрозената“ демократија е поважна од која било функција, пренесува Гласот на Америка.

    Текстот Бајден во обраќањето до нацијата: „Палката“ ја оставам на помладите заради обединување е превземен од МАКФАКС.

    Exit mobile version