дома СПОРТ Баерн домаќин...

Баерн домаќин на ПСЖ во дербито на денот во Лигата на шампионите

Фудбалската Лига на шампиони стигна на петата рунда која носи повеќе интересни дуели. Програмата ќе биде отворена со натпреварите во Братислава и Прага каде ќе гостуваат Милан и Атлетико Мадрид.

Вечерниот термин е резервиран за дербито во Минхен кад Баерн го пречекува ПСЖ. Интересно се очекува да биде и во Лисабон бидејќи кај второ рангираниот Спортинг гостува англискиот Арсенал.

Тимот на македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас, германскиот Лајпциг ќе има тешко гостување кај италијанскиот првак Интер.

Барселона, Баер и Манчестер Сити ќе ја имаат улогата на фаворити во дуелите што ќе ги играат пред домашните навивачи.

Барса го пречекува изненадувањето Брест кој е четврти на табелата. Леверкузен ќе биде домаќин на Салцбург, а во Манчестер гостува Феенорд.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ – 5.КОЛО

вторник
СЛОВАН БРАТИСЛАВА – МИЛАН (од 18.45 часот)
СПАРТА ПРАГА – АТЛЕТИКО МАДРИД
БАЕРН МИНХЕН – ПСЖ (од 21 часот)
СПОРТИНГ ЛИСАБОН – АРСЕНАЛ
ИНТЕР – РБ ЛАЈПЦИГ
БАРСЕЛОНА – БРЕСТ
БАЕР ЛЕВЕРКУЗЕН – САЛЦБУРГ
МАНЧЕСТЕР СИТИ – ФЕЕНОРД
ЈАНГ БОЈС – АТАЛАНТА

The post Баерн домаќин на ПСЖ во дербито на денот во Лигата на шампионите appeared first on .

Exit mobile version