back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаАхмети: Слобо...

Ахмети: Слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, упати честитка до албанскиот народ по повод 28 ноември, порачувајќи дека слободата не е дестинација, туку трајно и незапирливо патување.

„Почитувани браќа и сестри сонародници, Од се срце ви го честитам денот на знамето и независноста на Албанија.

Оваа 112-годишнина од најсветите денови на нашата албанска нација не потсетува дека напорите за слобода, еднаквост, независност, знаме, јазик се секојдневни и нашите заложби никогаш не треба да престанат, бидејќи слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување. Вечност на Албанија и на Албанците!“, пишува Ахмети во честитката.

Текстот Ахмети: Слободата не е дестинација, туку постојано и незапирливо патување е превземен од МАКФАКС.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари