back to top
2.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСПОРТАргентина под...

Аргентина поднесе жалба до ФИФА по натпреварот со Мароко на Олимписките игри

Аргентинската фудбалска асоцијација (АФА) испрати жалба до дисциплинската комисија на Меѓународната федерација (ФИФА) по натпреварот од првото коло од групната фаза на Олимписките игри во Париз против Мароко, соопшти централата.

АФА инсистира да се преземат мерки за да се обезбеди безбедност на учесниците.

Натпреварот меѓу двете екипи беше прекинат во 16. минута од додаденото време на вториот дел при резултат 2:2. По вториот гол на Аргентина, марокански навивачи упаднаа на теренот и фрлаа разни предмети кон играчите на Аргентина. Два часа подоцна, натпреварот се играше пред празни трибини, а вториот гол на Аргентинците беше поништен поради офсајд. На крајот Мароко победи со 2:1.

Репрезентациите на Аргентина и Мароко играат во групата Б заедно со Ирак и Украина.

Селекторот на олимпискиот тим на Аргентина, Хавиер Маскерано, инцидентот со рестартирање го нарече циркус.

„Ова е најголемиот циркус што сум го видел во животот“, изјавил менторот.

The post Аргентина поднесе жалба до ФИФА по натпреварот со Мароко на Олимписките игри appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари