дома СВЕТ Америка потвр...

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирби, потврди дека Украина има дозвола да користи американски ракети со долг дострел ATACMS за да го нападне регионот Курск и „во близина на него“.

Сето тоа го објасни со „потребата за самоодбрана“.

„Токму тие имаат можност да користат ATACMS за самоодбрана, во случај на итност. И сега е јасно дека тоа се случува во и околу Курск и регионот Курск“, им рече тој на новинарите на прес-конференција.

Координаторот за стратешки комуникации на Белата куќа, Џон Кирб, истакна дека американската администрација навистина ги променила насоките за можноста за користење ракети АТАКМС од страна на украинските војници за гаѓање „специфични цели“, но не прецизираше за што точно станува збор.

„Ги сменивме упатствата и им дадовме можност да користат (ATACMS) за да погодат одредени типови цели“, рече претставник на Белата куќа.

Текстот Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат е превземен од А1он.

Exit mobile version