Американската влада поднесе нова тужба против ТикТок, обвинувајќи ја кинеската компанија за незаконско собирање податоци за деца во случаи кога родителите се обиделе да ги избришат сметките на нивните деца.
Министерството за правда соопшти дека практиката на оваа социјална мрежа е „масовно“ навлегување во приватноста на децата, пишува Би-би-си.
Официјалните лица рекоа дека ТикТок и матичната компанија ByteDance се „повторливи престапници“, бидејќи сличен случај беше поднесен во 2019 година.
Компанијата ТикТок ги оспори тврдењата и рече дека е „горда“ на своите напори да ги заштити децата.
Компанијата соопшти дека проактивно ги отстранила малолетните корисници и доброволно поставила заштитни мерки, како што се ограничувањата на времето поминато на екранот и дополнителната заштита на приватноста за малолетниците.
Апелот го зголемува притисокот врз TikTok и Byte Dance, кои веќе имаат затегнати односи со Америка поради законот кој се заканува да ја забрани компанијата да работи во САД.
Минатата сабота, Министерството за правда на Соединетите Држави побара од Апелациониот суд на САД да ги отфрли правните оспорувања на Byte Dance на одлуката на американската влада дека компанијата мора да го продаде ТикТок до 19 јануари или ќе се соочи со забрана на американскиот пазар.