дома СПОРТ Алчната мајка...

Алчната мајка сака милиони

Алчната мајка сака милиони

Адриен Рабио и неговата мајка Вероник беа честа тема на медиумите во изминатите години. Мајката на францускиот играч за врска е задолжена за неговата кариера и често се зборуваше за нејзините нереални барања кон клубовите кои го посакуваа нејзиниот син.

Таа често го преценуваше, бараше суми кои се граничат со лудиот, а токму такви пари побарала и од турскиот шампион Галатасарај.

Турскиот новинар Угур Каракулукчу ги открива неверојатните барања на семејството Рабио кои дефинитивно се луди за пари.

„Рабиот побара од Галатасарај седум милиони евра за потписот, седум милиони евра за плата и пет милиони евра за агентот (неговата мајка“, откри Каракулукчу и додава:

„Момчето сакаше 19 мили. евра за една сезона, а подоцна луѓето прашуваат зошто клубот не ангажира играчи кои не се под договор. Не требаат такви играчи“.

Репрезентативецот на Франција, кој има 29-години, во кариерата настапуваше за ПСЖ, Тулуз и Јувентус, а сега пред почетокот на новата сезона се уште нема клуб.

Во моментов најголем интерес за него доаѓа од Англија. За услугите на овој одличен играч за врска се распрашуваат Манчестер Јунајтед, Челзи, Арсенал и Ливерпул, но тешко дека некој ќе ги понуди условите кои ги бара мајката Вероник.

Исто така, покрај Галатасарај, интерес за францускиот репрезентативец покажа и Атлетико (М), но „јорганџиите“ се откажа и се фокусираа на други играчи.

Нема дилема дека Адриен Рабиот е навистина врвен фудбалер, сепак, неговата мајка е сериозен проблем и нејзината алчност веќе уништила голем број негови трансфери.

Се разбира, сега е предоцна да се промени нешто, таа се уште се грижи за неговата кариера и секој денар и е важен.

Во претходните пет сезони Рабиот 212 пати го носеше дресот на Јувентус во кој постигна 22 гола и запиша 15 асистенции. Рабио за француската репрезентација дебитираше во 2016 година, има одиграно 48 натпревари и постигнато четири гола.

 

 

Exit mobile version