дома СПОРТ Ракомет Алкалоид го з...

Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига

Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига

Ракометарите на Алкалоид успешно поминаа уште една пречка во Суперлигата, откако на гостувањето во ГРК Охрид забележаа убедлива победа со 29:22.

За тимот предводен од тренерот Кирил Лазаров ова беше 11 победа на исто толку средби во домашното првенство.

Со натпреварот во Охрид се комплетира првиот дел од првата фаза во македонскиот шампионат.

Резултати на другите средби од 11. коло:

Еурофарм Пелистер – Прилеп 46:24

Струга – Вардар 25:34

Куманово – Радовиш 30:26

Бисинов – Тиквеш 22:33

Тинекс Пролет – Бутел 24:19

Табела: Алкалоид 22 бода, Вардар 20, Еурофарм Пелистер 18, Охрид 16, Бутел 12, Тиквеш 11, Тинекс Пролет 10, Прилеп 9, Куманово, 6, Струга 4, Бисинов 3 и Радовиш 1.

Следуваат 11 рунди од вториот дел по кои најдобрите шест екипи ќе продолжат во втората фаза.

The post Алкалоид го задржа максималниот ефект во ракометната Суперлига appeared first on Република.

Exit mobile version