дома СПОРТ Алкалоид ги п...

Алкалоид ги претстави четирите засилувања

Екипата на Алкалоид попладнево го одржа првиот тренинг како дел од подготовките за новата сезона.

Тренерот Кирил Лазаров на располагање ги имаше и четворицата нови ракометари, кои ќе го носат синиот дрес на тимот од Автокоманда.

Четири нови имиња во РК Алкалоид се:

Марко Кизиќ (23 г. голман). Долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој доаѓа од Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во Вардар.

Никола Костески (31 г., десно крило). Искусен ракометар и репрезентативец на Македонија кој последната сезона ја мина во чешки Плзен каде беше меѓу најдобрите стрелци. Низ својата кариера, Костески играше за: Холабрун и Линц (Австрија), Татран Прешов (Словачка), Ешкишехир (Турција), како и македонските Металург и Борец.

Михаил Иваноски (21 г., десен бек). Младиот ракометар е прекомандувам од погонот на Мулти Есенс. Тами Михаил минатата сезона имаше забележителни настапи и оствари играчки напредок, а тоа не остана не забележано од тренерот Лазаров.

Франциско Оливеира Да Силва (25 г., лев/среден бек). Португалски интернационалец ни доаѓа од редовите на унгарски Егер. Претходно настапуваше за Гвадалахара во шпанската АСОБАЛ-лига, како и за Виторија и Брага во Португалија.

  • Алкалоид ги претстави четирите засилувања

The post Алкалоид ги претстави четирите засилувања appeared first on .

Exit mobile version