дома СПОРТ Александар Јо...

Александар Јончевски: Судиите имаа чуден критериум и им дозволуваа се на Литванците (ВИДЕО)

Македонија претрпе пораз од Литванија, во Скопје, во квалификациите за Евробаскетот 2025-та. 

Очајно одиграната прва четвртина, во кој постигнавме само 9 поени, а ја завршивме со -14, е една од причините за поразот.

Селекторот Александар Јончевски вината за тоа ја бара во критериумот кој го имаа судиите, односно агресивноста на противникот. 

„Влеговме нежно и бевме изненадени од нивниот пристап.

Од она што го дозволија судиите, а тие секако можеа да го прават тоа. Сепак тие се репрезентација која доминираше во физичкиот дел.

Она што треба да го подобриме е делот од физичкиот пристап и верувам дека така ќе биде и на натпреварот во Литванија“, изјави меѓу другото Јончевски по натпреварот.

Возвратниот меч ќе се игра веќе во недела во Клаипеда.  

 

The post Александар Јончевски: Судиите имаа чуден критериум и им дозволуваа се на Литванците (ВИДЕО) appeared first on .

Exit mobile version