back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаЦрна ХроникаАлбански држа...

Албански државјанин фатен на Табановце, сакал да излезе од Македонија со 3622 монети со археолошка вредност

Полициски службеници вчера вечерта на ГП Табановце на излез од државата, го лишиле од слобода В.А.(32) од Република Албанија.

-При преглед и контрола на автобус со албански национални ознаки, со кој се превезувал на релација од Албанија до Италија, В.А. бил селектиран за дополнителна контрола, при што во неговиот багаж биле пронајдени три кеси со 3622 монети со археолошка вредност, различни по форма, вредност, големина и потекло, информира МВР.

Со лицето бил извршен службен разговор и за настанот бил запознаен јавен обвинител, по чија наредба монетите биле одземени за понатамошна постапка.

В.А. бил предаден на полициски службеници од СВР Куманово и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава по член 265 од Кривичниот законик.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари