„Албанските мажи седат со сопругите, а се џарат во тебе“, раскажува фрапирана туристка од САД

„Албанските мажи седат со сопругите, а се џарат во тебе“, раскажува фрапирана туристка од САД

Деветнаесетгодишната Ив Ковач од Конектикат, САД, решила полнолетноста да ја прослави со патување низ Европа. Таа за „Дејли мејл“ ги раскажува авантурите низ Стариот континент. Како што вели најмногу ѝ се допаднала Италија, а единствена земја каде што не се чувствувала безбедно била Албанија.

Мажите во Албанија! Се чувствував како плен. Дури и мажите кои седат со своите сопруги си ги кршат вратовите за да зјапаат во тебе додека одиш по улица, раскажува таа за најлошо искуство, велејќи дека таму чувствувала како „мета“.
 
Таму некој дури и ме допре за косата дури бев во супермаркет, а неколку луѓе ме фотографираа. Сфатив дека бидејќи сум русокоса и ниска, со сини очи, можам да бидам лесна мета, додава таа.

The post „Албанските мажи седат со сопругите, а се џарат во тебе“, раскажува фрапирана туристка од САД appeared first on Република.

Exit mobile version