дома БАЛКАН Активистите д...

Активистите добија казни, денеска нов протест во Белград

Активистите добија казни, денеска нов протест во Белград

Група граѓани денеска се собраа на протест пред Владата на Србија. Тие бараат да бидат ослободени притворените тројца активисти на кои им е одредена мерка притвор.

Се започна вчера кога беше одржан протест против експлоатацијата на бор и литиум во Србија наречен „Рудници нема да има“. Дел од граѓаните блокираа две белградски железнички станици – Прокоп и Нови Београд.

Но, полицијата во раните утрински часови ги опколила граѓаните во Прокоп за да ги снима, а ги избркала малку по 5.30 часот.

– Двајца активисти се уапсени затоа што не сакале да ја напуштат станицата, Иван Бјелиќ и Никола Ристиќ, вели Мариника Тепиќ.

Уапсен е и активистот Јулијан Димитријевиќ. Според последните информации, активистите биле осудени, каде Бјелиќ е осуден на 40 дена, а останатите на по 30 дена.

Текстот Активистите добија казни, денеска нов протест во Белград е превземен од А1он.

Exit mobile version