back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаМАКЕДОНИЈААдвокатот Ман...

Адвокатот Манев: Денешното сведочење потврди дека ниту еден од обвинетите нема врска со убиствата

Бранителот на велешанецот Боре Видевски, еден од осомничените за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежоски изјави денеска дека сведочењето на поранешниот началник во СВР Скопје, Музафер Каришиќ било контрадикторно. Бојан Манев смета дека денешното сведочење потврди дека ниту еден од обвинетите нема врска со убиствата.

-Се што денеска слушнавме не е во насока на откривање на вистината, а Обвинителството се потпираше на денешните сведоци.  И сведочењето на началникот на велешката полиција оди во насока на таквото тврдење, оти во делот за снимките кај хотелот „Романтик“ тој не појасни колку луѓе се видени, во колку возила, дали на снимките се гледаат лицата на луѓето во автомобилите. Затоа, сè што чувме денеска не е во насока на откривање на вистината – рече бранителот на Боре Видевски.

Инспекторот од велешката полиција Ристе Самарџиев објасни како се одвивала потрагата по Панче до спојувањето на двете убиства. Одбраната на Видевски не се согласува со исказот на инспекторот. Одбраната на обвинетите вели дека имало серија пропусти во постапувањето на полицијата.

The post Адвокатот Манев: Денешното сведочење потврди дека ниту еден од обвинетите нема врска со убиствата appeared first on Локално.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари