back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine
домаСВЕТАвстриската п...

Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг

Во денешниот напад во Австрија е убиен градоначалникот на општина Кирхберг, Франц Хофер, поради што полицијата започна голема потрага по напаѓачот, чиј идентитет е откриен.

Како што е потврдено за Кроне, напаѓачот е во бегство.

На местото на убиството се испратени сите полициски единици. Исто така, алармирани се и специјалните единици, а на местото на злосторството пристигнаа и блиндирани полициски возила.

Убиецот, за кој се претпоставува дека е ловец, кој бил на нива или во шума, откако пукал избегал во непознат правец.

Според првите информации, итната помош била известена за пукањето во 8 часот и 30 минути и оттогаш е во тек потрагата по убиецот. Полицијата првично потврди само неодреден инцидент со огнено оружје.

Текстот Австриската полиција трага по убиецот на градоначалникот на општина Кирхберг е превземен од А1он.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари