дома СПОРТ Австралија ја...

Австралија ја надигра Шпанија во првото кошаркарско дерби на ОИ

на Олимпијадата во Париз се одигра првиот натпревар на машкиот кошаркарски турнир. Селекцијата на Австралија во дербито славеше над Шпанија со 92-80.

Клучната предност Австралијците ја направија во првата четвртина која ја добија со 10 разлика. Иако за миг во третиот период Шпанците поведоа (54-56), тоа беше се што сторија. Австралија во продолжението имаше и најголеми 13 поени разлика, а на крајот славеше со +12 (92-80)

Ова е натпревар од А групата во која вечерва ќе се одигра уште едно дерби. Во него Канаѓаните предводени од своите НБА ѕвезди ќе се надигруваат со Грците.

Во групата Б денеска се играат два натпревари.

ОИ КОШАРКА – МАЖИ
11.00 часот Австралија – Шпанија (А група) 92-80
13.30 часот Германија – Јапонија (Б група)
17.15 часот Франција – Бразил (Б група)
21.00 часот Грција – Канада (Група А)


ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

The post Австралија ја надигра Шпанија во првото кошаркарско дерби на ОИ appeared first on .

Exit mobile version