back to top
3.8 C
Skopje
11.01.2025
Google search engine

Австралиска пливачка: По пливањето во Сена, пиеме кока-кола обидувајќи се да измиеме нешто во нас

Австралиската пливачка Мојше Џонсон раскажа како спортистите се обидуваат да се заштитат по пливањето во Сена.

– Митот за кока-кола е вистинит. Често го пиеме по пливањето, само за да се обидеме да испереме нешто во нас, изјави Џонсон за „Индипендент“.

На 4 август, Белгијката Клер Мишел беше хоспитализирана поради бактериска зараза по натпреварување во триатлон на Игрите во Париз. Поради ова, белгискиот тим беше принуден да се повлече од мешаната штафета.

За денес на Олимпијадата се закажани трки на отворени води, во Сена на 10 км. во женската конкуренција.

Поврзани статии
- Advertisment -
Google search engine

Неодамнешни коментари