дома МАКЕДОНИЈА АА: Ако нема ...

АА: Ако нема Балансер, со години нема да може да се вработат Албанци во некои институции

АА: Ако нема Балансер, со години нема да може да се вработат Албанци во некои институции

Последната одлука на министерот за администрација, Горан Минчев, за промена на процентот на застапеност според Балансерот е уште еден чекор за реализација на сценаријата најавени од првите денови на доаѓањето на оваа Влада за деградација на Албанците во земјава, вели Наим Бајрами, потпретседател на Алијансата за Албанците и поранешен министер на МИОА.
Со оваа одлука застапеноста на Албанците во сите институции ќе се намали од 29,52% на 24,30%. Тоа значи дека со години во иднина нема да се вработува ниту еден Албанец во оние институции каде што процентот на Албанци достигнал 24%, што практично значи дека на голем број институции ќе им бидат затворени вратите за Албанците.
Забрзаните чекори на нелегитимната Влада за деградирање и најавеното укинување на Балансерот се крајно вознемирувачки и претставуваат сериозен удар за Охридскиот договор, правичната и соодветна застапеност и меѓуетничката кохезија во државата.
После ова, албанските партии во Владата немаат зашто да останат дури и да биле победници на изборите, а не веќе како губитници, без легитимитет и деградирани.

Ги повикуваме албанските партии да ја напуштат оваа Влада која во секоја постапка го гази нашето достоинство како Албанци, стои во реакциjaта на Бајрами.

The post АА: Ако нема Балансер, со години нема да може да се вработат Албанци во некои институции appeared first on Република.

Exit mobile version